Промашената гордост на домашната автомобилска индустрија
» На 19 февруари 1987 година, тогаш уште под амблемот на Zastava, во Крагуевац беше претставена Yugo Florida. Помпезно најавуваниот модел уште на почетокот го следеа проблеми – заради тоа што не беше освоено производството на сите делови и компоненти за него, првата 1988 година беа направени само 37 примероци. Иако плановите беа годишната продукција да изнесува меѓу 60 и 100 илјади примероци, до 2008 година беа произведени само 30.150 возила, од кои 700 во Полска и 720 во Египет. Затоа и место гордост на домашната автомобилска индустрија таа стана нејзино најголемо промашување.