Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 јуни 1903 година

Четврта среќа

» Денешниот датум, 16 јуни 1903 година, официјално е заведен како роденден на Ford. Компанијата која денес е еден од најголемите светски производители на возила настана со реорганизација на компанијата Ford and Malcomson која есента 1902-рата Хенри Форд ја основа заедно со неговиот партнер Александар Малкомсон, која немаше успешен старт. Судбината ѝ ја променија нова група инвеститори кои застанаа зад идеите на Форд но и бизнис потенцијалите на браќата Доџ и внукот на Малкомсон, банкарот Џон Греј, кој беше избран за претседател за да може да се држи темпераментот на Хенри Форд под контрола. Причината зошто беше така е што Ford Motor всушност беше четврта компанија која тој ја основаше. Прва беше Detroit Automobile која за две години колку што опстана продаде само дваесет возила само заради тоа што Хенри воден од својот перфекционизам одбиваше да започне со производство додека не биде сосема задоволен од сработеното. Приказната се повтори и со втората компанија наречена според неговото име – Henry Ford Company, од која исто после две години меѓусебни натегања инвеститорите буквално го набрка Хенри Форд и се продолжија да работат без него под називот Cadillac.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *