Tags: , , ,
Evum Motors aCar (18*видеа)

Мини електричен транспортер

» Малата германската компанија Evum Motors во 2013-тата имаше голема идеја – да направи електрично камионче. И го направи – со должината од само 4,08 и ширината од 1,5 метри е помало од повеќето автомобили. Заедно со батериите тежи 1.450 kg, а може да носи до 1.150 kg. Го задвижуваат два електромотора, по еден на секоја оска, кои му обезбедуваат погон на сите тркала. Со помош на нивните 27 KS постигнува најголема брзина од 70 km/h. Може да се опреми со батерии со капацитет од 16,5 или 23 kWh, кои му овозможуваат автономија од 82 или 120 km, а вградениот соларен панел на покривот на кабината ќе му обезбеди уште некој километар. Надградбата за превоз е модуларна и може да биде сандак, кипер, па дури и со вградени седишта за превоз на луѓе. Се продава во 11 европски земји, а цените се движат од 33.990 евра, плус ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *