Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 април 1991 година

Почеток на една успешна приказна

» На денешен ден пред 31 година Škoda стана четврта марка на групата VW. Чешката влада ја донесе тогаш контроверзната одлука за приватизацијата на народното претпријатие за производство на автомобили набргу по паѓањето на комунизмот. На објавениот тендер се јавија 24 компании, од кои 8 го поминаа првиот филтер – BMW, General Motors, Renault, Volvo, Volkswagen, Ford, Fiat и Mercedes. Четири од нив дадоа понуда, а во финалната трка покрај VW остана уште и Renault. Французите на почетокот понудија исфрлање на Favorit од производство и негова замена со застарениот Renault 18 и дериват на новиот Twingo, што значеше и згаснување на Škoda како марка. Јасно, ваквиот предлог беше одбиен и тие подготвија нов – формирање заедничко претпријатие во кое би поседувале 40 отсто и кое, покрај Favorit би го произведувало R19 и мотори, менувачи и други компоненти за Renault, со вкупна инвестиција од 2,6 милијарди долари. Volkswagen пак, понуди да се задржи производството на Favorit, иницијално да влезе со 30 отсто учество во компанијата и до 2000-тата да инвестира 6,6 милијарди долари, со што, иако владата беше наклонета на страна на Renault, одлуката не беше тешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *