Краток беше новиот живот на некогаш легендарната марка
» После речиси три децении, на денешен ден 2013 година Nissan формално го воскресна името Datsun како евтина автомобилска марка возила верувајќи дека репутацијата што ја имаше ќе помогне да се стекне со поголем пазарен удел во земјите во развој. Datsun иницијално беше релансиран во Индија, по што следеа Индонезија, Непал и Јужна Африка, со модели базирани на Nissan. Во Русија, Казахстан, Белорусија и Либан, пак, се продаваа возила чија основа беа моделите на Lada. Но заради многу недоречености во настапот, новиот живот на Datsun кратко траеше – веќе во 2019 година Nissan постепено започна да ја повлекува марката од пазарите каде настапуваше, оставајќи го некогаш легендарното име уште еднаш да го прекрие прашината на историјата.