Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 септември 1977 година

Првите американски дизел автомобили

» На денешен ден 1977 година Oldsmobile ги понуди првите американски дизел автомобили. Во нив беше вграден голем 5,7 литарски V8 мотор со 120 коњски сили, за кој General Motors тврдеше дека е за 40 отсто поштедлив од бензинецот од кој беше изведен. Но токму конверзијата од бензин на дизел предизвика многу главоболки на првите сопственици на овие автомобили – несоодветно прилагодената механика страдаше заради поголемите напрегања, а јасно, ниту перформансите не беа за фалење. Нивниот развој сепак продолжи со интензивно темпо и гамата дизел мотори на GM бргу се прошири и во моделите на останатите марки каде опстана само до 1985 година, а стекнатата лоша репутација имаше последици по имиџот на сите дизел автомобили во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *