Не заработи ниту скршена пара од својот изум
» На денешен ден 1860 година во целосна беда почина американскиот пронаоѓач и пионерот на гумарската индустрија Чарлс Гудјир. Тој експериментирајќи со разни (отровни) материјали и смеси, според своите зборови сосема случајно откри дека со комбинирањето на гумата со сулфур над врел шпорет таа ја задржува еластичноста а ги губи склоноста кон топење и лепење кога е топла и крутоста кога е студена. Но од вулканизацијата како што го нарече неговиот револуционерен изум, еден од најважните во историјата на транспортот, заради спорови со авторските права тој не заработи ништо и почина во крајна сиромаштија и со големи долгови. Во негова чест браќата Франк и Чарлс Зајберлинг ја нарекоа својата компанија GoodYear.