Преголем залак или маркетиншка игра?
» Уште од 2019-тата кога беше покажан, футуристичкиот пикап на Tesla наречен Cybertruck постојано предизвикува контроверзи. Но тоа што го подели мислењето на јавноста не му попречи да собере огромен број нарачки (некои споменуваат преку милион), дури и без прецизен термин за негово лансирање. Додуша тој беше објавен, ама, искрено кажано, никој жив не веруваше дека Елон Маск навистина ќе го лансира точно тогаш за кога го најави. Така едно по едно следеа одложувањата, за во еден момент Маск сосема да замолчи кога некој ќе споменеше некаков си термин и да одбива да даде одговор на сите прашања поврзани со тоа, но не запре со примањето резервации. И не само тоа – сите информации за лансирањето на електричниот Cybertruck беа тргнати од веб-страницата на компанијата, што беше причина јавноста да го потсети дека дал ветување дека при крајот на јануари ќе каже што ќе биде со него… Да му веруваме ли дека ќе го одржи?