Меридијаните прават разлика
» Сигурни сме, барем за љубителите на Citroen, дека би го купиле овој автомобил означен како C2, посебно ако знаат кој всушност е. Тогаш би го купиле и љубителите на Peugeot, без разлика на неговото потекло. А тоа во најмала рака кажано, е интересно. Имено ова што го гледаме на фотографиите не е ништо друго освен некогашниот 206 со изглед на тогаш актуелните модели на Citroen, кој навистина му прилега. Се произведуваше од 2006 до 2013 година и беше наменет исклучиво за пазарот во Кина. Излегуваше од погоните на Dongfeng со два бензински мотори од 1,4 и 1,6 литри со 76 и 106 KS, а согласно барањата на кинеските купувачи беше достапна и верзија со автоматски менувач. Најевтината изведба чинеше околу 9.200 евра.
коментари: