Tags: ,
Honda ZR-V и за Европа

Го чекаме идната година

» Во последно време Honda ни лансираше серија вести за своите претстоечки активности во годините што следат. Прво дознавме дека идната година во Европа ќе биде понуден нов кросовер кој ќе се смести меѓу HR-V и CR-V. Потоа ни беше претставена американската верзија на HR-V базирана на Civic, која нема ништо заедничко со европската чија основа е Jazz. Следеше најавата за лансирање на моделот ZR-V во Кина, во кој сите го препознаа американскиот HR-V и на крај дојде потврдата дека и новиот кросовер за Европа ќе се вика ZR-V. Ако го сумираме сето тоа, сосема е јасно што ќе добиеме – можеби нема да биде идентично како ова што го гледате на сликите, ама тоа е тоа, за нас со хибриден погон. Повеќе детали ќе дознаеме кога Honda ќе се реши да ги сподели со нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *