Еленски скок на цените на горивата
» Денар по денар, или поточно два по два, регулаторната комисија за енергетика за еден месец ги поскапе горивата кај нас за 10 денари. Поточно бензинот за 10,50 а дизелот за 9,50 денари, така што со денешното покачување на цените на дериватите литар еуросупер БС-95 чини 90,50 денари, литар еуросупер БС-98 се продава за 92,50 а литар еуродизел БС Д-Е V за 89,50 денари. Зошто, овој пат ќе ве поштедиме од образложение.