Соломонско решение
» Големи полемики се водеа за неограничувањето на брзината на германските автопатишта, засега попусто – никој не се осмели на тоа. Се водеа и ќе се водат и во иднина, но најновиот предлог ја покажува вистинската смисла за нив – во соломонски стил канцеларијата на јавното обвинителство на Саксонија-Анхалт предложи за ограничување на брзината од 200 km/h. Сепак колку и да звучи налудничаво, за оваа идеја има основа – таа доаѓа откако тие не успеаја да казнат еден чешки богаташ кој со Bugatti Chiron возеше вртоглави 417 km/h бидејќи тој не беше прекршил ниту еден закон.