Peugeot 308 е германски автомобил на годината во компактната класа
» На Германците најмногу им се допадна француски автомобил – жирито за избор на автомобилот на годината извести дека за победник меѓу 11 кандидати од 9 производители во компактната класа со цена под 25.000 евра за идната 2022-ра го прогласува новиот Peugeot 308. За жирито стратегијата „Моќта на изборот“ на француската марка беше во особен фокус бидејќи купувачите можат да бираат помеѓу бензински, дизел и два плаг-ин хибридни мотори, додека целосно електрична верзија ќе стигне во 2023 година. Дополнителни причини за доделување на наградата се модерната технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот i-Cockpit, како и новиот дизајн со новото лого на марката. Со ова, новата генерација на 308 продолжува по стапките на својот претходник кој освои многу награди, вклучително и титулата „Автомобил на годината“ во Европа за 2014 година, која е најпосакувана награда во автомобилската индустрија.
„Ова е прва награда за новата генерација на Peugeot 308. Многу сме горди што успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито за избор на автомобил на годината во Германија и целиот тим на Peugeot. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата ‘моќта на изборот’ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новиот Peugeot 308 веќе електрифициравме 80% од нашата понуда на автомобили“, изјави Хаико ван дер Луит, извршниот директор на Peugeot Германија.