Tags:
Војната во Украина предизвика главоболки за автомобилската индустрија

Не само руската, ќе страда целата автомобилска индустрија

» Додека луѓето гинат а зградите се рушат, војната во Украина ќе ја погоди не само руската, туку целокупната автомобилска индустрија. Роковите на испорака на нови возила ќе бидат уште подолги, а проблем повторно се чиповите. Имено, Украина е важен снабдувач на индустрискиот неон кој се користи во ласерите кои се клучни за производството на чипови, а Русија пак на паладиумот, исто така потребен за полупроводниците. Познавачите на приликите се децидни – без овие суровини не може да се замисли глобалното автомобилско производство, а барањето алтернативни извори на краток рок скоро е невозможно. Помало, но сепак негативно влијание ќе има и родиумот кој се користи кај катализаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *