Поголемо задоволство, попријатно возење
» Технологиите станаа главен двигател на продажбата на автомобили, но и јасен показател за моќта на производителот. Тие а не коњските сили ги прават купувачите позадоволни од своите возила, будејќи ги емоциите кај нив. Еден таков додаток кој порано можеше за се види само на тјунираните возила стана ставка без која се губи духот на престиж. Амбиенталното осветлување на ентериерот сигурно е нешто без кое се може, а и ретки можат да го изведат целосно, на пријатен и ефектен начин. Во тоа предничат германските премиум производители, кои се натпреваруваат кој ќе понуди повеќе осветлени елементи, во повеќе бои. До тоа ниво што понекогаш светлосниот спектар личи на лајт-шоу отколку на додаток што создава пријатна атмосфера. Но како и да е, амбиенталното осветлување е добитна формула за привлекување на уште некој нов купувач, нешто во што човек може лесно да се заљуби. За другите кои се прашуваат дали тоа пречи во возењето, лесно може да се исклучи.