Не брзајте премногу
» Во април годинава се дигна голема галама во Германија за новиот систем на казни во сообраќајот кој предвидуваше одземање на возачката дозвола на еден месец ако се вози за 21 km/h побрзо од ограничувањето во град и за 26 km/h на отворен пат. Возачите беа револтирани, што на властите не им беше сеедно. На крај, заради процедурална грешка, казнениот правилник во делот за одземањето на возачката дозвола мораше да биде повлечен.
Сега, по втор пат, тој е донесен како треба но со изменети казни – без возачка на еден месец се останува ако се вози 26 km/h побрзо од дозволеното во град и 36 km/h надвор од него. Затоа внимавајте, не брзајте премногу!