Tags:
Херберт Дис го напушта кормилото на VW групата

Причините непознати, но се претпоставуваат

» Шок-вест одекна низ автомобилските кругови – Херберт Дис го напушта кормилото на Volkswagen групата. Причините непознати, но се претпоставуваат – намалувањето на квалитетот и пребрзата електрификација. Во официјалното соопштение се вели дека со заеднички договор Херберт Дис ја напушта челната позиција на групата а надзорниот одбор на VW за нов директор на концернот го именува Оливер Блуме, кој својата функција ќе ја презеде на 1 септември и ќе продолжи да ја обавува и после можното одвојување на Porsche како посебна компанија. Но зад ова неофицијално се крие долгогодишната тивка војна меѓу Дис и раководството на Volkswagen кое му замеруваше многу нешта. Дис дојде во VW од BMW непосредно пред дизелгејт аферата. Во 2015-тата стана прв човек на Volkswagen како марка, а три години подоцна и на целиот концерн. Заслужен е за радикалната трансформација и електрификацијата на сите марки од групата, но и за големите организациски промени бидејќи веднаш се зафати со „чистење“ на непотребното. Можеби и пребрзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *