Tags: , , ,
Стартуваше производството на ID.4 во Кина

Ангажирани две фабрики

» Volkswagen започна со производство на електричниот компактен кросовер ID.4 во Кина. Очекувањата на компанијата од овој модел се големи – Германците ангажира две фабрики кај двата свои партнери за да можат да ги остварат планираните квоти на производство. Новата фабрика во Шангај која е заедничка на групацијата со SAIC го произведува ID.4 X. Во неа се вложени дури 2,5 милијарди долари и има капацитет за 300.000 возила годишно, а може да произведува електрични возила базирани на модуларната платформа на VW.

И втората фабрика во јужниот кинески град Фошан која е на FAW има ист капацитет. Таму се произведува  ID.4 Crozz кој е малку пократок и понизок – 4.592 наспроти 4.612 mm во должина и 1.629 наспроти 1.640 mm во височина, додека широчината и меѓуоскиното растојание им се исти – 1.852 односно 2.765 mm. Иако претходно беше соопштено дека тоа ќе се случи пред крајот на годината, Volkswagen сега не посочи кога ќе стартува продажбата на ID.4 во Кина, ниту пак дали таму произведените возила ќе се продаваат и на некој друг пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *