Ви пречи сонцето додека возите?
» Сонцето и возачите не секогаш се пријатели, посебно кога тоа е ниско на хоризонтот. Очилата за сонце дефинитивно помагаат и не е лошо во автомобилот секогаш да се има еден пар, но постојат и други начини како да си помогнете. Дури и доколку мислите дека имате добар вид немојте да возите директно кон сонцето како него да го нема бидејќи сончевата светлина не само што заслепува туку и го намалува видното поле. Спуштањето на визирот се подразбира, но ќе ви биде полесно и ако се подисправите во седиштето. Зголемете го растојание од возилото пред вас и особено внимавајте во свиоците. Забавете и следете ги другите учесници во сообраќајот, посебно велосипедите и пешаците. Ако ветробранското стакло е нечисто при првото застанување избришете го, а ако возите со сонце во грбот тогаш проверете дали светлата ви се вклучени – тие многу ќе помогнат возачите кои ви доаѓаат во пресрет да ве видат порано.