Проблем кој не смее да се игнорира
» Ако забележите дека на автомобилот расте нивото на масло во моторот, посебно ако при додавање гас засилено црно дими, веднаш направете темелен сервис. Издувните гасови се црни заради насобраното саѓе кое се создава во комората за согорување кога горивото не согорува целосно. Тоа се случува заради неисправност на бризгалките кои вбризгуваат преголема количина гориво заради нивна истрошеност и пропуштање на горивото во интервалите кога треба да бидат затворени. Заради тоа количината гориво во смесата е над потребната – за правилно согорување на еден грам дизел требаат 14,5 грама воздух. Дел од вишокот гориво може да стигне и до маслото, разредувајќи го. Затоа ако неговото ниво расте направете проверка на системот за напојување.