Не поскапува сé овие денови
» После Кина, и во САД и Европа Tesla ги скрати цените на своите автомобили,и тоа значајно – некои и до дваесет отсто. Причината за тоа е намалената продажба заради силната конкуренција, која е посебно агресивна на најплодните пазари. Искрено кажано, повистинито би било да кажеме дека тие се враќаат на некое пореално ниво бидејќи општ впечаток досега беше, токму заради недостатокот на конкуренција, дека беа преценети. Но како и да е, отсега купувачите на Tesla во САД може да сметаат на 3 до 9 илјади долари пониски цени за Model 3, а на Model Y и до 13 илјади. Помалата електрична лимузина во Франција поевтини за 4 илјади евра, а споменатиот кросоверот пак во Велика Британија сега се продава за 7 илјади фунти поевтино. Слично е и на другите пазари, со таа разлика што заради постоењето или е и висината на субвенциите тие се прилагодени на локалните услови и прилики и намалувањето се разликува од земја во земја во зависност од тоа.