Tags: ,
Осум технолошки придобивки на Peugeot 308

За полесно секојдневие

» Високотехнолошката опрема на Peugeot 308 не е ограничена само на најновата генерација на системи за помош при возење или на новиот i-Cockpit. Француските инженери посветија особено внимание на деталите кои ќе го олеснат секојдневието. Издвоивме осум технолошки новитети на францускиот лав.

1. HD камера за возење наназад со млазница за чистење

Сите знаеме дека камерата за возење наназад стана класична помош при возењето, но кај 308 таа гарантира совршен заден поглед со сликата со висока резолуција и млазницата за чистење на леќата. За да ја елиминира нечистотијата од која страдаат камерите за возење наназад, Peugeot постави млазница на задниот браник. При вклучување на миењето на задното стакло автоматски се активира и чистењето на леќата на камерата.

2. Следење на слепите точки на поголемо растојание

Благодарение на ултразвучните сензори, системот за следење на слепите точки кај Peugeot 308 може да детектира приближување на возило до 75 m, во споредба со 25 m кај конвенционалните системи. Ова овозможува возачот да биде предупреден порано (што се прави со трепкачки сигнал на надворешниот ретровизор) за наидување на возило со голема брзина. Системот обезбедува надзор и ги покрива двете ленти десно и лево.

3. Предупредување за возила при возење наназад

Кога возачот ќе тргне да вози наназад од паркинг простор, овој систем благодарение на радарите поставени во браникот предупредува за присуство на други возила, велосипеди или пешаци кои се приближуваат одзади. Системот детектира секаква подвижна пречка на растојание до 40 m со брзина до 10 km/h. На екранот се прикажува предупредување и се емитува звучен сигнал.

4. Matrix LED предни светла

Сега може да се вози со цело време вклучени долги светла дури и кога се разминувате со други возила, благодарение на Matrix LED технологијата која е стандардна кај 308 GT/GT Pack. Овие долги светла се составени од 20 ЛЕД диоди чие осветлување и моќ зависат од надворешните услови детектирани од камерата сместена на горниот дел од ветробранското стакло. Како што се приближува некое возило, сегментите на долгите светла се затемнуваат и бледнеат за околу детектираното возило да се создаде тунел од сенка, така што возачот не е заслепен а околината останува силно осветлена.

5. i-Toggles копчиња што може да се конфигурираат

Возачите на Peugeot 308 може да прилагодат некои од контролите. Од нивото Allure па натаму, петте i-Toggle копчиња под централниот екран овозможуваат слободен пристап до функциите што најмногу се користат, како што се кратенки до одредени поставки за клима уредот, радио станицата, телефонски контакти, навигација до дома и слично.

6. Систем за квалитет на воздухот

За да се подобри заштитата на патниците, Peugeot 308 е опремен со систем кој постојано го следи квалитетот на воздухот што влегува во патничкиот простор и автоматски ја активира функцијата за рециклирање доколку детектира загадување. Овој систем од нивото GT е надополнет со Clean Cabin системот за третман на воздухот со филтрирање на загадувачките гасови и честички. Покрај тоа, квалитетот на воздухот се прикажува на централниот екран.

7. OK Peugeot гласовен асистент

Најлесен начин да активирате некои од функциите на автомобилот е да се разговара со него. Како и некои модели од повисоките класи, и новиот Peugeot 308 е стандардно опремен со гласовен асистент кој го користи природниот јазик за вашите барања за да овозможи пристап до сите функции поврзани со инфозабавата (повици, радио, музика, навигација, итн.) и клима уредот (поставување на температурата, итн.).

8. Апликација My Peugeot

Како и кај сите други модели на Peugeot, корисниците на новиот 308 можат да ја користат апликацијата за паметни телефони MyPeugeot. Оваа апликација им овозможува да го стартуваат возилото од далечина или да го поставаат греењето или ладењето така што температурата да биде совршена кога ќе се влезе внатре. Освен обезбедениот комфор, оваа функција ја оптимизира и автономијата на плаг-ин хибридната верзија – греењето или ладењето потоа трошат помалку енергија во првите неколку минути од возењето. Таа исто така овозможува да се проверува, стартува или закаже полнење на батериите од далечина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *