Tags:
Новиот Москвич во декември

Бриши Франција, пиши Кина

» Москвич ќе заживее во декември – потврди градоначалникот на Москва. Ова сигурно нема да им се допадне на Французите, кои заради санкциите мораа да ја „продадат“ својата фабрика на градот Москва. Но избор немаат – таа сега е сопственост на Русите, а тие се решени да ја оживеат некогашната советска марка. Одлуката е донесена за да се зачуваат работните места на принудно национализираната фабрика која веќе е преименувана во Московски автомобилски завод Москвич. Ќе биде рестартирана со помош на министерството за индустрија и трговија, а плановите се во неа да се произведуваат по 50.000 автомобили годишно. За тоа ќе се инвестираат околу 80 милиони долари, од кои дел од рускиот производител на камиони Камаз. Возилата ќе бидат ребрендирани верзии на кинескиот JAC – еден седан и три кросовера, на бензински и електричен погон.

коментари:

  1. 🙂 Кога Македонија ќе направи ајфон само од македонски производи, тогаш и Русин кола. Поарно „Застава“ не руска кола. Немаше најбогатите Руси да возат БМВ и Ауди наместо Лади, а особено па Мосвич – за мајтап.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *