![Најбрзата канта за ѓубре (видео)](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2020/09/kanta-za-Ginis-e1601509200741-795x385.jpg)
Канта за Гинис
» Младиот инженер Енди Џенингс од Свиндон, домот на Honda во Велика Британија, ја има најбрзата канта за ѓубре со која успеа да постигне 69 km/h. За тоа го искористи своето знаење, мал мотор и менувач од мотоцикл, седиште од велосипед и управувач од скутер. Подвигот го изведе на аеродромска писта, во присуство на судиите од Гинисовата книга кои го прогласија за светски рекорд во брзо возење на – канта за ѓубре!
Вистинската ѕвезда на настанот на кој се соборија повеќе рекорди сепак беше Џејсон Ливерсиџ, кој иако 95% парализиран со моторизирана инвалидска количка постигна 104 km/h.