Пораст од дури 67,8%
» Tesla ги објави податоците за производството и испораките на возила за првиот квартал годинава, кои, како и секогаш досега, се рекордни и покрај актуелните предизвици во синџирот на снабдување и привремените запирања на производството во поедини фабрики. Според нив, Tesla во првите три месеци годинава има произведено 305.407, а испорачано 310.048 возила. Тоа во споредба со истиот период лани изнесува пораст од дури 67,8%. Во структурата доминираат Model 3 и Model Y од кои се произведени 291.189 а испорачани 295.324 примероци, односно 95 отсто, додека останатите се од Model S и Model X.