Технолошки развој за повеќе автономија
» Од идната 2022 година, возачите на Peugeot е-208 и е-2008 може да сметаат на автономија според WLTP поголема за 22 односно 25 km, а во реални услови на возење и повеќе. И двата модела лансирани на крајот на 2019 година имаат голем успех на пазарот, со повеќе од 90.000 освоени купувачи. Овие два модели ја нагласуваат релевантноста на стратегијата за електрификација на Peugeot. Поставени на eCMP платформата, опремени со батерија од 50 kWh, електричен мотор од 136 KS и вртежен момент од 260 Nm, овие две возила ќе ги покажат најновите технолошки достигнувања, со цел да понудат поголема автономија на нивните корисници.
Најпрво, пневматиците се оптимизирани со промена на класата А+, обезбедувајќи поголема ефикасност благодарение на помалиот отпор на тркалање. Ова се однесува на тркалата од 16 инчи за e-208 и 17-инчните тркала за e-2008. Дополнително, има механички развој со нов сооднос на менувачот, кој го оптимизира опсегот при возење на пат и автопат. Конечно, нова топлинска пумпа заедно со сензорот за влажност инсталиран на горниот дел од ветробранското стакло ја оптимизира енергетската ефикасност на греењето и клима уредот. Информациите што ги соопштува овој сензор овозможуваат попрецизно да се контролира кружењето на воздухот во патничката кабина и на крајот да се заштеди количината на енергија содржана во батеријата при загревање и одржување на температурата во возилото. Овој најнов напредок е особено забележлив при ниски надворешни температури.
Накратко, целиот овој напредок ќе обезбеди зголемена автономија според WLTP циклусот на хомологација:
- Peugeot e-208 сега ќе нуди автономија до 362 km, што претставува зголемување за 22 km
- Peugeot e-2008 сега ќе автономија до 345 km, што претставува зголемување за 25 km
Но, покрај значителните зголемувања на опсегот според циклусот WLTP, има и значителни зголемувања во реалната употреба на клиентите, од околу 40 km, во градскиот сообраќај на температури блиску до 0° C.