Tags: , ,
Збогум за Volkswagen Passat (видео)

Volkswagen Passat престана да се произведува

» Откако пред некој месец започна да исчезнува од ценовниците на дилерите, сега заврши и неговото производство – Volkswagen Passat дефинитивно оди во пензија, малку предвреме од претходните најави. Но само лимузината – караванот останува и понатаму. Вестите дека Volkswagen смета дека Passat си го направил своето и дека е време да биде заменет со нешто друго се шират од 2020 година. Се знае и со што ќе биде заменет – потполно електричната лимузина која се развива под работната ознака Aero B инспирирана од концептот ID.Space Vizzion, планирана за претставување при крајот на оваа или почетокот на наредната година, најверојатно под ознаката ID.7. Сосема логично, бидејќи со опаѓањето на волуменот на сегментот нема место за два (не заборавајте на Škoda Superb) паралелни модела со слична големина, а во понуда останува и Arteon.

Кај нас Passat сé уште е во продажба и неговата цена стартува од 39.437 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *