И Morgan се модернизира (со видео)
» Кој е Morgan секој вистински љубител на автомобилите знае, исто како што знае дека ги користи истите техники за производство со децении. Поточно 85 години, после кои управата на оваа фирма основана во 1910 година реши дека е време за промени. Така сега класичната челична шасија која води потекло од 1936 година ќе биде заменета со нова, посовремена, направена од алуминиум. Изгледот на возилата, сепак ќе биде задржан. Morgan не ги објавува бројките за производството, но овој пат направи исклучок – вкупниот број автомобили од марката направени на досегашната шасија за сите 85 години изнесува едвај околу 35 илјади.