Tags:
Дигиталниот клуч за возилата – сигурност на квадрат

Сигурен како отисок од прст

» Дигиталните клучеви иако сé уште ретко се среќаваат, донесуваат револуција во практичноста во користењето и сигурноста на возилата. На вешт хакер му се потребни помалку од пет секунди да ги загрози стандардните системи за влегување без клуч. Стручњаците тоа го нарекуваат релеен напад. За дигиталниот клуч се користи апликација на мобилен телефон кој сензорите во автомобилот го препознаваат на сигурен начин како отисок од прст и само тогаш го отклучуваат возилото. Предност на дигиталните клучеви е што освен за сопственото возило може да се користат и на цели возни паркови или пак кај car-sharing услугите, што им дава големи потенцијали.

Ако ги споредуваме технологиите, кај конвенционалните системи за влегување без клуч комуницикацијата со возилото се одвива по пат на нискофреквентен (LF) или радио сигнал со ултрависока фреквенција (UHF). Во трката против крадците која е налик на маратон, автомобилската индустрија постојано ги усовршува овие системи. Но тие се вградуваат само кај новопроизведените возила – оние што веќе се на улиците остануваат со тоа со што излегле од фабричките погони. Кај дигиталните клучеви, пак, новите решенија можат да се развиваат еволутивно и релативно лесно да се надградуваат на постоечките и кај телефоните и кај возилата кои меѓусебно се поврзуваат преку блутут конекција.

Користејќи ги постоечките технологии кај телефоните, овие системи гарантираат сигурност блокирајќи ги сигналите на другите телефони или електронски уреди, штитејќи го возилото од неовластен пристап. Постојат системи кои користат безжична технологија со краток домет (NFC), но таа функционира на оддалеченост од само неколку сантиметри и кај нив возачот при влегување во возилото мора да го држи телефонот блиску до означеното место. Ако телефонот со апликацијата е загубен или украден, дигиталниот клуч едноставно се деактивира и се креира нов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *