Land Rover и сé е кажано (2*видео)
» На 30 април 1948 година на салонот на автомобилите во Амстердам официјално беше лансиран Land Rover. Настанат како мирнодопска идеја на американскиот воен Jeep овој теренец ги рашири хоризонтите на цивилизацијата до најзафрлените делови на планетата докажувајќи ги со своите екстремни можности на дело вештините на британскиот инженеринг. Постојано усовршуван, во својот оригинален облик се произведуваше до 2016 година.