Големи надежи, катастрофални резултати
» На денешен ден 1990 година на салонот на автомобилите во Лос Анџелес General Motors го покажа првиот електричен прототип наречен Impact. За него беа ангажирани надворешни соработници на компанијата кои му дадоа футуристички дизајн и електропогон кој користеше 32 оловни акумулатори, а можеше да постигне дури 295 километри на час. Реакциите на јавноста беа големи, до толку што калифорниската влада започна со иницијатива да ги обврзе производителите на возила до 1998 година 2 отсто од нивната продажба да бидат електрични возила, до 2001-вата 5 а до 2003-тата година дури 10 отсто. General Motors реагираше со план за производство на 25.000 возила годишно од овој модел, со цел тие да нараснат на 100.000. Но серискиот модел GM EV1 кој во 1996-тата произлезе од него, за три години беше направен во точно 1.107 примероци.