Среќен роденден!
» Автомобилот денес полни 136 години. Тој всушност е малку постар, но точно на денешниот 29 јануари во 1886 година Карл Бенц поднесе барање за патентирање за своето возило наречено Benz Patent-Motorwagen, кое општо прифатено се смета за прв автомобил во историјата. Бенц на него работеше долго време, дури од 1879 година кога го направи својот прв мотор. Автомобилот, поточно моторизираниот трицикл кој го заврши во 1885 година имаше едноцилиндричен четиритактен мотор сместен назад кој од своите 954 cm³ развиваше 0,75 коњски сили при 250 вртежи во минута.