Моментот кога светот на автомобилите започна да се менува
» На денешен ден 2009-тата, половина година пред премиерата на сериската верзија на Nissan Leaf, Tesla во Лос Анџелес го претстави прототипот на Model S. Овој технолошки врвен електричен автомобил кој се развиваше под кодната ознака WhiteStar, најавен во 2007 година, се планираше да започне да се произведува во 2010-тата. Тоа сепак не се случи и првите примероци беа испорачани во 2012 година. Цените стартуваа од 57.400 долари, а се продаваше со три пакета батерии.