![Денешниот ден во ретровизор <br/>2 декември 1927 година (видео)](https://turbo1.mk/wp-content/uploads/2023/01/1931-Ford-Model-A-DeLuxe-Fordor-Sedan-neg-56033-795x385.jpg)
Автомобилот што го спаси Ford од пропаст
» На денешен ден 1927 година беше лансиран Model A, aвтомобилот што го спаси Ford. Имено, Хенри Форд толку беше заслепен од легендарниот Model T кој се произведуваше цели 18 години што се инаетеше на секаков развој на негов наследник, до толку што малку фалеше компанијата да пропадне. Затоа и задачата на Model A нималку не беше лесна, но тој сепак успешно ја изврши. Производството му започна во октомври 1927-мата но беше претставен во декември, истовремено во 36 градови во САД, Канада и Европа. Се произведуваше во 14 држави ширум светот, а за четири ипол години колку што му траеше кариерата беа направени точно 4.858.644 примероци во 35 различни каросериски изведби.