Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>18 јули 1965 година

» Затвор место славје

» На денешен ден 1965 година на големата награда на Холандија во Зандворт се случи еден од најбизарните инциденти во историјата на формула 1. Имено, непосредно пред стартот на трката еден холандски полицаец задолжен забележал еден господин во боксовите кој околу раката немал лента која служи како пропусница – тоа бил Колин Чепмен, сопственикот на тимот на Lotus кој всушност ја имал лентата, но таа му била закаченана погрешно место. Полицаецот не ја видел, му пришол и го зграпчил за да го исфрли, а Чепмен му опнал едно лево кроше во вилицата. Ситуацијата ја смириле другите присутни, но не за долго – после трката на која победи Џим Кларк кој возеше за Lotus во боксовите дошла полиција и го однела Чепмен во затвор, каде преноќил. Неговиот адвокат сепак утредента на судењето успеал да го извлече без сериозни обвинувања. Интересно е што две години пред тоа на истата патека се има случено сличен инцидент токму со Џим Кларк, кој завршил ненасилно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *