Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 декември 1939 година

Како се роди автомобилската икона

» На денешен ден пред 82 години беше направен првиот „сериски“ Lincoln Continental. Овој автомобил кој стана американска икона беше развиен како возило за лична употреба на Едсел Форд, синот на Хенри Форд, кој налогот за негов развој го има дадено во 1938 година, сакајќи возилото да биде готово за неговиот одмор планиран за март идната ’39-та. Главниот дизајнер на Ford Боб Грегори користејќи ги нацртите на Lincoln Zephyr како појдовна точка, наводно за само еден час го скицирал Continental. И технички и дизајнерски овој автомобил располагаше со многу неконвенционални решенија, како на пример копчињата наместо рачки со кои се отвораа вратите.

Прототипот испорачан на Едсел кој веќе беше на Флорида предизвика бројни позитивни реакции од неговите добростоечките пријатели, по што тој испрати телеграма во Мичиген дека може да продаде илјада примероци од него. Првите две години се правеше рачно – панелите на каросеријата се обликуваа со чекан, а алатите за пресување на лимот беа подготвени во 1941 година. Најголем дел од возилата од првите серии беа во кабриолет изведба, а помал број  купеа, опремени со 4,8 литарски V12 мотор со 130 KS. Освен името кое и ден-денес не само во САД е синоним за луксуз, значењето на овој модел е што заради своите решенија имаше долгорочно влијание на американската автомобилска индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *