Загинаа 84, а беа повредени меѓу 120 и 180 луѓе
» На денешен ден 1955 година на трката 24 часа Леман се случи најстрашната несреќа во историјата на автомобилизмот на која загинаа 84 луѓе и беа повредени меѓу 120 и 180. До неа дојде кога две возила се судрија на стартно-целната рамнина при брзина од околу 200 km/h. Едно од нив, Mercedes 300 SLR, заврши во публиката распарчувајќи се. Деловите од него како шрапнели се разлетаа низ преполната трибина косејќи сé пред себе. Организаторите не ја прекинаа трката плашејќи се дека ако го стори тоа публиката која масовно ќе тргне да си заминува ќе ги блокира пристапните патишта оневозможувајќи им на итните служби да им помогнат и да ги спасат повредените. После трката, Mercedes се повлече од учеството на секаков вид натпреварувања сé до 1989 година.