Mало злобно животно што јаде мустанзи
» На денешен ден 1966 година беше произведен првиот сериски Chevrolet Camaro. Запрашан за името на овој американски пони автомобил кој настана како одговор на General Motors на Ford Mustang, тогашниот генерален директор на Chevrolet Пит Естес кажа дека значи мало, злобно животно што јаде мустанзи. Сепак зборот camaro всушност е грешка во еден француско-англиски речник од 1936 година каде е отпечатено дека е француски сленг што на нашки најблиску би било пајташ. Правописна грешка или не, Camaro беше успешен. Не колку Mustang, но доволно првата генерација да се произведува во две фабрики во САД и уште пет во странство – во Венецуела, Перу, Филипини, Белгија и Швајцарија. Од оваа генерација до 1969 година беа направени вкупно 699.138 примероци.