Tags: , , ,
Дали Renault ќе го пензионира Clio (фото-галерија, видео)

Никој не спомнува што ќе биде со Clio

» Од појавувањето на првата генерација на Clio поминаа повеќе од три децении, период во кој се продадени над 15 милиони примероци. Замислен како наследник на Renault 5, тој уште на самиот почеток со силниот карактер си изгради сопствена кариера, успеа да воспостави високи критериуми и да излезе во пресрет на барањата на широката публика. Кога ќе се погледне внимателно во временскиот ретровизор станува јасно дека тој пробив се изведе со квалитет и технологии преземени директно од повисоките класи. Трпеливо плетејќи ја својата приказна која премина во успешна сага, сите генерации на Clio ги краси висок стил и препознатлива естетика. Европските купувачи тој пристап го наградија со верност кон моделот кој е најпродаван во Б-сегментот.

Но сега кога секој втор збор е поврзан со електрификацијата, во актуелниот вокабулар на марката се споменува нова генерација на Renault 5, а не и на Clio. Затоа, иако актуелната петта генерација на францускиот бестселер која е на сцена ќе трае уште најмалку 3-4 години, треба уште сега да се запрашаме дали Renaut ќе го пензионира Clio?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *