Се произведува од 1958 година
» Honda Super Cub, скутерот со мотори од 50 до 125 cm³, е најпродаваното моторно возило во историјата. Се појави на пазарот во 1958 година и досега се направени повеќе од 120 милиони примероци. На почетокот се продаваше слабо, главно заради рецесијата во Јапонија. Но кога после некој месец купувачите започнаа да се жалат на спојката, буквално сите работници во Honda се откажаа од деновите за одмор за да ги поправат дефектите, посетувајќи го секој купувач лично. Подобра реклама од тоа не можеше да се добие и побарувачката за Super Cub, не само низ Јапонија туку и низ целиот свет, се катапултираше и трае сé до ден-денес. Во моментов овој скутер се произведува во 15 земји.