Tags:
Виски со вкус на клипови по цена од 50.000 фунти за шише

Пофино од најфиното

» Не така одамна, пред околу две години, Британците ги здружија силите – Aston Martin и дестилеријата Bowmore заеднички лансираа специјална серија шкотско сингл молт виски со јачина од 49,6 проценти. Наречено е Black Bowmore DB5 1964 и според сé е пофино од најфиното. Но вкусот никогаш нема да му го пробаме бидејќи беа направени само 27 шишиња. За нив се користени оригинални клипови од легендарниот Aston Martin DB5, кој беше избор на Џејмс Бонд во Голдфингер. Шишињата рачно се обработени од страна на студиото Glasstorm од северот на Шкотска, а за секое шише била потребна една недела да се изработи. Цената е позната – 50.000 фунти за шише, но не и кому се продадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *