Збогум на Audi R8, добредојде на неговиот електричен наследник
» Веќе подолго време се плетат приказни за иднината на Audi R8, од кои поголемиот дел се со неповолен исход за германскиот суперспортист. Не е за изненадување со оглед на тоа дека продажба му е преполовена а во прилог не му одат ниту еколошките норми. Простор за нова бензинска генерација нема, така што ако преживее ќе мора да биде на струја. Тоа го потврди и шефицата на маркетингот на Audi Sport дивизијата Линда Курц, која кажа дека R-моделите ќе бидат трансформирани во електрични, не споменувајќи точно ниту кои, ниту пак кога. Со оглед на поврзаноста на моделот со Lamborghini Huracan логично е да се очекува R8 да го добие неговиот хибридизиран V8 планиран за 2024-та, ама тоа некако не е баш целосно во согласност со електричните планови на Audi. Затоа, сценариото Audi да го умре R8 а на негово место да лансира нов електричен модел со ново име изгледа сосема извесно. Да не заборавиме, тука сега е и Rimac…