Погледнете ја само нејзината дебелина
» Кога се појави новата серија 4 сите реагираа на димензиите на неговата маска, но од BMW останаа имуни на критиките, велејќи само дека „големите бубрези“ во иднина ќе го обликуваат брендот. Сега е јасно и зошто – како дел од најавите за електричниот iX кој треба да започне да се произведува идната година, Баварците специјално ја претставија неговата маска, која е огромна како и кај серијата 4. Нејзината големина тие не ја коментираа, но кажаа дека таа ќе биде „очите“ на идниот SUV, кој ќе има напредни автономни можности. Тоа значи дека ќе биде исполнета со бројни сензори, камери, радари… Истакнаа дека е дело на центарот за лесни конструкции и технологии, кој досега има развиено доста иновативни компоненти за возилата од групата.