Бензините поевтинија за 2,50 а дизелот за 1,50 денари
» Откако се одмори за викендов, регулаторната комисија за енергетика реши и нас малку да нé одмори од стресовите и ги намали цените на горивата – на бензините за 2,50 а на дизелот за 1,50 денари. Така, ако не подолго барем утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 81, за литар од еуросупер БС-98 по 83, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 82 денари. За потсетување, лани ова време за литар бензин плаќавме по 67 а за литар дизел по 55 денари, а во поланската пандемиска 2020-та по 48 денари за бензинот 95 и 45 за дизелот.