Tags:
Хакери ги нападнаа бензинските пумпи во Иран

Пливаат во нафта, ама немаат бензин

» Бензинот им чини 18,5 денари ама го нема – бензинските пумпи во Иран пресушија. Граѓаните на Иран, земјата која произведува околу 4 проценти од светските потреби на нафта, останаа без бензин. Причината, според државниот совет за национална безбедност е хакерски напад на информатичкиот систем за дистрибуција на гориво заради што бензинските пумпи низ земјата не работат. За да се ублажи проблемот, техничарите на министерството за нафта ги исклучија системите на некои бензински пумпи во Техеран за да може горивото да се точи рачно. Деталите за настанот се истражуваат и засега не е познато кој и заради кои причини стои зад нападот, ниту пак како ќе биде надминат овој проблем.

Колку за информација, литар бензин во Иран чини 15.000 ријали (0,30 евра односно 18,5 денари) за првите 60 литри во месецот, а после тоа цената е двојна. Цената на дизелот, пак, е 3.000 ријали, односно пет пати помала од онаа на бензинот – само 3,7 денари. Платата на еден работник на бензинска пумпа изнесува околу 100-120 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *