Opel започна со производството на новата Astra
» Новата Astra и за Opel и за купувачите значи многу повеќе отколку смена на генерациите. Напуштени се технологиите и погонските единици од ерата на GM кои се заменети со компонентите од PSA групата. Воедно компактот на Opel доби и нов дом – претходникот се правеше во фабриката во Полска, а сегашната генерација ќе доаѓа од Риселсхајм. Според извештаите од Opel оваа фабрика ќе работи во две смени и покрај Astra ќе ги произведува уште Insignia и „братскиот“ DS 4. Иако претходната генерација на Astra не се прослави со продажбата, моделот е значаен за компанијата – од 1991 година кога се појави, досега се испорачани повеќе од 15 милиони примероци.