Tags: ,
Продажбата на електрични автомобили за 77 отсто поголема

Секој петти нов автомобил електричен или плаг-ин

» Не е само причина растот на цените на горивата зошто продажбата на електрични автомобили во Европа расте – широката понуда придонесе таа, според Jato Dynamics, во февруари да биде за 77 отсто поголема отколку истиот месец лани. Истовремено, продажбата на плаг-ин модели порасна за само 6%, а двата типа возила заедно освоија 20 отсто од пазарот, така што секој петти нов автомобил електричен или плаг-ин. Меѓу електричните најпопуларни беа Tesla Model 3, Model Y и Fiat 500, а меѓу плаг-ин моделите Peugeot 3008, Ford Kuga и BMW серија 3. Во вкупниот поредок, пак, на врвот се искачи Volkswagen Golf, следен од Peugeot 208 и Dacia Sandero.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *