Женската улога во почетоците на автомобилизмот
» Како официјален датум на раѓањето на автомобилот се смета 29 јануари 1886 година кога Карл Бенц поднесе барање за патентирање на својата моторна кола со три тркала. Во истиот период и Готлиб Дајмлер развиваше автомобил, но со четири тркала. На овој начин, работејќи независно еден од друг, основачите на компанијата која настана со нивно здружување триесет години подоцна, поставија камен-темелник на новото цивилизациско доба на човековото општество. За името Mercedes пак е заслужен австрискиот бизнисмен, голем љубител на автомобилите и ентузијастички поборник на техничкиот напредок Емил Јелинек, кој како дилер на Daimler во 1900-тата побара да биде конструирано возило наречено по неговата ќерка Мерцедес.
Уште една жена имаше улога во почетоците на автомобилизмот и создавањето на моќниот бренд со трикрака ѕвезда – во 1888 година за да го привлече вниманието на јавноста кон работата на својот сопруг, Берта Бенц, заедно со своите два сина но без знаење на Карл, тргна на патување со автомобил долго 106 километри. Нејзината одлука е подеднакво е значајна како и создавањето на автомобилот бидејќи визијата, одлучноста и вербата во себе и денес претставуваат фактор на успех. Вистина е да не беше нејзиниот незапирлив оптимизам јавноста уште долго ќе беше скептична кон новите кочии без коњи кои ги движеше некоја мистериозна сила.
Нејзиното историско патување е одбележано и со краток документарен филм.