Чекор поблизу до автономните возила
» Volvo има патентирано систем што овозможува воланот заедно со инструмент таблата да се лизнат од едната на другата на возилото. Ова освен за снимање филмови со Џејмс Бонд звучи како нешто што е сосема непотребно, но суштинската намена на овој патент е сосема поинаква и неговата идна употреба се гледа во автономните возила. Доколку возачот вози, тогаш му треба волан, но ако автоматиката преземе, тогаш возачот едноставно ќе го истурка воланот на другата страна и ќе има повеќе простор да се истегне и подреме малку. Едноставно, нели?!
Не треба да се заборави ни тоа дека со оглед што Volvo е глобална марка која многу продава и на пазари на кои се вози по левата страна, имплементацијата на оваа технологија во сериските модели би значело поевтинување на производството. Дали е тоа исплатливо ќе си пресметаат сами.
Што се однесува до педалите, тие се замислени да бидат еден вид сензори чувствителни на притисок кои се активираат хидраулички или пневматски. Ќе бидат инсталирани два комплета, а системот автоматски би ги активирал оние што се наоѓаат на иста страна со воланот. Треба да се спомене и дека воланот и инструмент таблата би биле поврзани со системите на возилото безжично, односно би немале физичка поврзаност како што е сега кај возила.