Mercedes не, Daimler може
» Mercedes објави дека се повлекува од рускиот пазар. Но не целосно – Германците ќе останат во Kamaz со тоа што 15-те отсто акции што ги поседуваат ќе бидат префрлени на камионското одделение Daimler Truck кое сега е независна компанија. Автомобилскиот дел, пак, целиот свој имот што го поседува во локалните подружници ќе го продаде на рускиот синџир дилери на автомобили Автодом. Оваа одлуката на Mercedes доаѓа седум месеци откако го прекина производството на почетокот на март, по руската инвазија на Украина. Условите под кои сé во земјата ќе биде продадено засега се нејасни, но главниот финансиски директор рече дека трансакцијата нема да доведе до никакви значајни ефекти поврзани со профитабилноста или финансиската позиција на компанијата, освен оние пријавени во претходните квартали. Во својата фабрика во близината на Москва, која е отворена во 2019 година, Mercedes има инвестирано околу 250 милиона евра.
Mercedes во првите девет месеци од 2022-рата во Русија има продадено само 9.558 возила, што е за 73 отсто помалку од претходната година.